И тоа го има во Романија: Тренер доби отказ затоа што бил „баксуз“

Тренерските смени во Романија на самиот старт од сезоната не се ништо чудно, но случајот на Еуген Нагој и неговото заминување од Универзитатеа Крајова ќе остане запаметен.

Имено, првиот човек на клубот, Адријан Андричи во изјава пред новинарите обелодени дека Нагој не е отпуштен поради слаби игри или резултати (една победа и едно реми во првите две кола од новата сезона), туку затоа што носел малер на екипата.

„Отпуштен е затоа што носи лоша среќа на целата екипа. Тоа е се што можам да кажам“, изјави Андричи, не навлегувајќи во подетално објаснување за овој потег.

Се вчитува...