Шокантна информацјиа пристигна утрово од Германија, откако Борусија Менхенгладбах преку клупско соопштение обелодени дека фудбалерот Штефан Лајнер боледува од рак на лимфните жлезди.
Во соопштението беше наведено дека австрискиот фудбалер сега го очекува повеќемесечна пауза од терените, бидејќи ќе почне со третмани за лечење од тешката болест.
„Ќе направиме се што е во наша моќ за Лајнер да го добие најдобриот можен третман. Му посакуваме на него и на семејството многу сила и оптимизам во борбата со оваа болест“, изјави спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Роланд Виркус.
Штефан Лајнер е член на Борусија од 2019 година и има над 100 настапи за тимот од Менхенгладбах. Тој е репрезентативец на Австрија од 2017 година, со 37 настапи досега за својата национална селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

