Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени броевите за распоредот на натпреварите во Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2023/24.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар враќањето во прволигашкото друштво ќе го означи во Струмица против ребрендираната АП Брера. Дебитантот во Првата лига, Воска спорт, пак, во Охрид на домашен терен во 1. коло ќе ја пречека екипата на Шкендија.
Шампионот Струга ТЛ на домашен терен новата сезона ќе ја почне со уште еден минатогодишен второлигаш Гостивар, а Шкупи ќе гостува на Работнички. Во дербито на Истокот, уште на стартот во Штип ќе се сретнат Брегалница и Силекс.
Натпреварите од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига почнуваат на 6. август.
ПРВА ЛИГА (сезона 2023/24) – 1. КОЛО (6. август)
АП БРЕРА Струмица – ВАРДАР
ВОСКА Спорт – ШКЕНДИЈА
СТРУГА Трим Љум – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

