Македонската пливачка експедиција се наоѓа во Фукуока каде и покрај сите проблеми успеа да собере средства да замине на Светското првенство во пливачки спортови.
Најголемиот адут на Македонија е пливачката Миа Блажевска Еминова која е македонски рекордер во неколку дисциплини. Mиа настапи на трките на 50 метри грбно каде го освои 44. место од 61. пливачка, како и на 100 метри слободно каде беше 36. од 71. пливачка.
Таа на Светскиот шампионат веројатно го оствари еден од своите најголеми сонови, а тоа е да се сретне со најдобриот пливач на сите времиња Мајкл Фелпс.
Неверојатниот Американец е најтрофејниот пливач во историјата, а со осумте златни медали на игрите во Пекинг 2008 година успеа да направи нешто што не му успеало на ниту еден друг олимпиец претходно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА