Репрезентациите на Унгарија и Грција ќе се сретнат во големото финале на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во јапонската Фукуока.
Во неверојатен трилер натпревар Унгарците во епска завршница успеаја да слават против Шпанија со 12-11. Иако Шпанците имаа водство од 11-9 во последниот период, Унгарците со фуриозна завршница и гол во последната секунда успеаја да стигнат до ново финале.
Претходно, во првото полуфинале Грција без поголеми проблеми ја декласираше Србија со 13-7.
И финалето и натпреварот за 3. место се закажани за во сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА