Еден од најдобрите македонски кошаркарски тренери, Емил Рајковиќ почна да го составува тимот на ЦСКА Москва за новата сезона во ВТБ лигата.
Рускиот гигант се засили со бекот Мело Тримбл кој потпиша едногодишен договор со клубот од главниот град на Русија. Тримбл има 28 години и е висок 188 сантиметри.
Претходната сезона ја мина во Шангај, но има искуство со играње во Европа. Играше за Фуенлабрада, Галатасарај и Естудијантес.
Во сезоната 2020-2021 беше избран во втората идеална петорка во шпанската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

