Тимот составен од најдобрите фудбалери во корејскиот фудбалски шампионат славеше со 2-3 против Атлетико Мадрид на контролниот натпревар одигран во Сеул.
Избраниците на Чоло Симеоне поведоа со 1-0 со голот на Лемар во 13. минута, резултат со кој се замина на пауза. Корејците израмнија преку Кривосјук на 1-1 во 50. минута. Шпанскиот тим повторно стигна до водство (2-1) преку Мартин во 85. минута.
На 2-2 израмни Палочевиќ во 89. минута, додека конечните 2-3 ги постави Ле Сун-Мин во 94. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

