Украинка одби да се ракува со Русинка па ја исфрлија од Светско првенство

Украинската мечувалка Олга Харлан беше дисквалификувана од Светското првенство во мечување во Милано во четвртокот затоа што не се ракуваше со својата руска противничка Ана Смирнова…

Како што е соопштено, дисквалификацијата дошла затоа што Харлан по победата одбила да се ракува со противничката.

Украинската мечувачка стана првата претставничка на својата земја која директно се натпреварувала со руски претставник по инвазијата на Украина пред речиси една и пол година, благодарение на промената во политиката на нејзината влада. По наредба на украинското Министерство за спорт, на спортистите од таа земја им е забрането да учествуваат на натпревари на кои учествуваат Руси и Белоруси.

Таа одредба беше изменета во средата, а сега ги опфаќа само „спортистите што ја претставуваат Руската Федерација или Република Белорусија“. Така Харлан ја прифати оваа спортска пресметка против Смирнова со одобрение на властите во Киев, што се чини покажува дека тие се оддалечуваат од бојкот на игрите во Париз во случај на учество на Руси или Белоруси под неутрално знаме.

Се вчитува...