Чави: Не е нормално Арсенал да игра на ова ниво, тоа е само пријателски натпревар

Барселона и Арсенал одиграа суперинтересен натпревар во подготовките за новата сезона во кој беа постигнати вкупно осум голови, а на крајот на победа од 5-3 се радуваа „топџиите“.

Тренерот на каталонците Чави по истиот говореше за интензитетот на натпреварот за кој вели дека не е карактеристичен за пријателски натпревар.

„Ова беше добар натпревар за гледање, но не добар и за тренерите. Имаа повеќе обиди од нас, бевме премногу меки во одбрана. Изгледаше на натпревар од Лигата на Шампиони поради високиот интензитет во кој тие настапија. Тоа не е нормално за пријателски натпревар. Но разбирам дека сакаат да победат“, изјави Чави.

Се вчитува...