Модриќ и Касемиро ги разнежнија навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Доскорешното легендарно „кралско“ трио составено од Лука Модриќ, Тони Крос и Касемиро одново се најде заедно на ист терен, но овој пат Хрватот и Германецот настапија против Бразилецот во натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во подготовките за новата сезона.

Овие тројца доминираа на теренот од 2014 до 2022 година, период во кој освоија четири трофеи во Лигата на Шампиони и три во Ла Лига, а пријателството кое го негуваат оттогаш денеска стана хит на социјалните мрежи откако камерите го условија поздравот помеѓу Модриќ и Касемиро.

Се вчитува...