Одлична атмосфера на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига меѓу Шкупи и софиски Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Максимална поддршка за своите миленици сервираат „Шверцерите“ кои подготвија и посебни кореографии за дуелот со бугарскиот тим.
Факт е дека Левски ја носи фаворитската улога во оваа пресметка, но навивачите на Шкупи сакаат победа на вечерашниот дуел во Скопје како би останале реални шансите за реваншот и за елиминација на бугарскиот тим и продолжување на европското лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА