Костов: Очаен терен, многу провокации и на терен и надвор од него…, важно е дека победивме

Левски триумфираше со 0-2 против Шкупи во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига па сега е со една нога кон следната рунда европски натпревари.

Тренерот на Левски, Николај Костов по мечот нагласи дека Левски заслужил да победи на терен кој реално не бил за игра. На крај се памети само победата, иако неговиот тим покажал и недостатоци во играта.

„Тешко беше да се игра на ваков очаен терен. И тоа што го покажавме е супер. На ваков терен не можеше ништо друго освен тие долги топки. Во секој случај, забележавме голема победа, која не прави фаворит за пласманот понатаму. Мора да кажам дека имаше провокации на теренот, што не би требало да се случува, сепак, ова е спорт. Жал ми е и за тоа што се случувало во текот на денот со нашите навивачи“ – изјави Костов.

Се вчитува...