Јувентус славеше против Милан по изведувањето на пеналите со 4-3, откако мечот во регуларниот дел заврши 2-2, на пријателскиот дуел одигран во САД.
Три гола беа постигнати во далеку посодржајното прво полувреме. Најпрво Германецот Малик Тиао погоди за Милан, потоа Данило израмни на 1-1 во 33. минута, а Жиру врати предност за Милан во 39. минута за 1-2.
Конечните 2-2 во регуларниот дел ги постави Даниеле Ругани во 48. минута.
На крајот во пенал-рулетот славеше Јувентус со 4-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

