ВИДЕО: Спектакуларниот волеј што ја растажи „Грбавица“ во 95. минута

Железничар и Нефчи ремизираа (2-2) во Сараево во квалификациското коло од УЕФА Конференциската лига, а на гостите гол вреден огромно реми им донесе резервистот Рахман Хаџиев со спектакуларен волеј-удар во 95. минута.

По корнерот од левата страна, топката се одби на работ на казнениот простор до Хаџиев кој со лева нога со волеј постигна гол каков ретко се гледа.

Голманот на Железничар, Ајдин Мулалиќ, кој блескаше на мечот бранејќи им на гостите три 100% шанси, овој пат немаше никаква можност да го спаси својот тим.

Се вчитува...