Кавани како слободен играч продолжува во Бока Јуниорс!?

Единсон Кавани е слободен играч откако ја заврши соработката со шпанска Валенсија каде настапуваше измнатава сезона.

36-годишниот Уругваец сега како слободен играч е на мета на Бока јуниорс од каде има официјална понуда за продолжување на кариерата.

Кавани најдобрите свои фудбалски денови ги мина во ПСЖ каде постигна 200 гола, а настапуваше и за Наполи, Палермо, Манчестер јунајтед и Валенсија која сега го ослободи да си оди.

Се вчитува...