Навивачите на Левски кои беа уапсени во текот на вчерашниот ден поради инцидентите пред натпреварот со Шкупи денеска се пуштени ан слобода, објавија бугарските медиуми.
Според овие информации, навивачите од Софија кои останаа во Скопје ги собрале неопходните пари за да ја платат казната за уапсените фанови (150 до 200 евра по лице), по што бугарските хулигани се пуштени на слобода и веќе се на пат кон татковината.
Според бугарскиот портал „Гонг“, вината за инцидентите на стадионот треба да се бара кај лицата од обезбедувањето најмено од страна на Шкупи.
„Стјуардите ги навредуваа навивачите на Левски на влезот на стадионот, каде што Бугарите биле принудени и да се соблечат“, пишува „Гонг“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА