Никола Миротиќ по објавата дека е пред заминување од Барселона важеше за најпосакуван кошаркар во Европа, но како што одминуваат деновите, така и големиот ас има се помалку понуди на маса.
Кога Миротиќ се повлече од веќе договорениот трансфер во Партизан, како најсериозен кандидат важеше Панатинаикос, но грчиот гигант во последен момент се премисли и наместо него го ангажираше Хуанчо Хернангомез. Во меѓувреме од трката се повлече и Монако, па сега Миротиќ има само една опција на маса – преселба во редовите на Олимпија Милано.
Еторе Месина не ја крие желбата да го има одличниот крилен играч во својот тим, но италијанскиот првак долго време не беше вбројуван меѓу фаворитите во оваа трка. Сепак, по бројните откажувања сега Милано е единствениот тим со конкретна понуда до Миротиќ – за двогодишен договор вреден вкупно пет милиони евра.
Италијанците бараат и што побрз одговор, па на Миротиќ е на одлучи, дали да ја прифати понудата или да почека уште извесно време во надеж дека ќе се појави некоја поинтересна опција, за што шансите воопшто не се големи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА