Кинескиот пливач и прва ѕвезда на својата репрезентација Хаијанг Чин испиша историја на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во јапонска Фукуока.
Кинезот по златните медали на 50 и 100 метри градно, успеа да стигне до златниот медал и на 200 градно со што стана првиот пливач на кој му успеало да ги обедини сите три титули во една дисциплина.
Тој до златниот медал на делницата од 200 метри стигна со време од 2:05.48 минути, што е нов светски рекорд. Сребрениот медал му припадна на досегашниот рекордер, Австралиецот, Зек Стублети Кук, додека со бронза се закити Мет Фелон од САД.
🇨🇳Haiyang Qin wins it all in breaststroke!!!
🥇50m
🥇100m
🥇200m WR #AQUAFukuoka23 pic.twitter.com/G63Y9eGbZ3— World Aquatics (@WorldAquatics) July 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА