Баерн и Ал Наср се договорија: Садио Мане доаѓа кај Кристијано Роналдо

Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Баерн и Ал Наср се договориле за трансферот на Садио Мане.

Баерн наводно ја прифатил понудата на клубот од Саудиска Арабија. Остануваат само да се средат документите и медицинските прегледи.

Мане на тој начин ќе го напушти Баерн по само една сезона во која не ги оправда очекувањата по доаѓањето од Ливерпул. На 25 натпревари во Бундеслигата постигна седум гола. Тој во Ал Наср ќе им се приклучи на Кристијано Роналдо, Алекс Телес, Марцело Брозовиќ…

Се вчитува...