Двократниот светски шампион Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за големата награда на Белгија која се вози на легендарната патека „Спа франкошамп“.
Од првиот ред друштво ќе му прави Шарл Леклер од Ферари. Од вториот ред ќе стартуваат Перез и Хамилтон.
Во топ 10 уште се најдоа и: Сајнц, Пјастри, Норис, Расел, Алонсо и Строл. Сепак, поради казната Ферстапен на трката во недела ќе стартува од второто место, додека Леклер ќе биде на првата позиција.
Утре на програмата во Спа е спринт трката и квалификациите за истата, додека трката за Големата награда на Белгија е закажана за во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА