Бекам: Сопственик на Јунајтед еден ден? Никогаш не се знае!

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам во интервју за Атлетик зборуваше и за својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Една од темите и евентуално купување на еден од најславните англиски клубови.

„Мојот примарен фокус сега е на Мајами и се што оди поврзано со тоа. Но, за мене евентуално било каква врска со Јунајтед би бил чекор напред. Кој знае? Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Да се надеваме дека ќе има убава одлука за клубот набрзо, а дали сум јас на некој начин вклучен или не… Во секој случај ќе бидам голем навивач на Јунајтед и секогаш со задоволство ќе доаѓам да го гледам тимот“ – вели Бекам.

И Бекам, како и огромниот број навивачи, е согласен дека време е семејството Глејзер да го продаде клубот.

„Мислам дека време е да си одат. И тоа пред се затоа што навивачите го сакаат тоа. Еднаш кога ќе ги загубите навивачите, посебно во клуб како Манчестер јунајтед, тешко е да ги вратите. Очигледно е дека постои потреба за промени. Сите тоа го гледаме, сите тоа го знаеме“ – дополнува Дејвид Бекам.

Се вчитува...