Роналдо полуде поради поништен гол: Лут го напушти теренот, прскаше камерман со вода (ВИДЕО)

Продолжуваат испадите на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.

Неговиот Ал Наср ремизираше без голови против Ал Шабаб во првото коло од Купот на арапските шампиони на дуелот на кој главните ѕвезди Роналдо и Брозовиќ не го стартуваа натпреварот.

Роналдо во игра влезе во 60. минута, и во 75. минута постигна спектакуларен гол со полуволеј тресејќи ја противничката мрежа. Сепак, голот беше поништен поради офсајд. Сето тоа беше доволна причина Роналдо комплетно да полуди а целата ситуација да ескалира по крајот на мечот.

При напуштање на теренот се пушти и по камерманот кој го снимаше, иако воопшто не беше загрозен неговиот простор, па го прскаше со вода а потоа го избрка од својата близина.

Ronaldo throws a bottle at the cameraman and gestures to make him go away after Al Nassr draws with Al Shabab in Arab Club Champions Cup
by u/smart_indian00 in soccer

Се вчитува...