Фудбалерите на Струга Трим Лум максимално се подготвуваат за реванш-пресметката со црногорскиот Будуќност во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.
По победата на првиот дуел во Охрид од 1-0, кај стружани владее оптимизам дека може да се елиминира оваа пречка и да се продолжи европското лето.
Токму во позитивна атмосфера се реализираат и подготовките деновиве пред заминувањето за Подгорица.
„Секако победата на првиот меч ни е многу важна, бидејќи се работи за европски натпревар. Тоа ни даде дополнителен мотив да продолжиме уште посилно, да ги бараме следните победи, а зошто да не бидеме уште подобри на реванш дуелот во Подгорица. На првиот меч и немавме доволно среќа за повеќе голови, па верувам дека на реваншот ќе не следи среќата и дека ќе реализираме повеќе голови“ – вели фудбалерот од средниот ред Бесмир Бојку кој против Будуќност го одигра својот 20-ти јубилеен меч во европските клупски натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА