Кадетите декласирани од Грција на турнирот во Скопје

Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години претрпе преубедлив пораз во рамките од второто коло од силниот турнир во Скопје, од селекцијата на Грција со резултат 52-91. Ако вчерашниот пораз од Израел беше минимален и апсолутно незаслужен, денеска можеше да се проследи бледо издание на нашите млади кошаркари кои беа целосно надиграни од противникот и загубија со преубедливи 39 поени разлика.

Првиот период заврши со предност на грчките млади кошаркари од 19-27, а Македонија целосно парираше во вторите десет минути што противникот ги доби со минимални 16-17. За жал, тоа беше се што младите кошаркари на селекторот Јованчев успеаја да сторат. Грците целосно доминираа во второто полувреме, а особено катастрофални беа нашите последни 10 минути, во кои Македонија постигна само четири поени (4-22).

Ивановски со 17 поени беше единствениот со двоцифрен ефект во македонскиот табор, каде Ѓорѓевиќ додаде осум, а Терзиевски седум поени.

Се вчитува...