Шкендија го менува комплетното раководство по елиминацијата во Европа, Агим Ибраими нов спортски директор!?

Тетовска Шкендија повторно ќе го менува раководството кое го води клубот, по неочекуваната елиминација во Европа од велшкиот Хаверфордвест, во Конференциската лига на УЕФА.

Во таборот на тетовци очекуваа продолжување на европското лето, па неуспехот е оценет како дебакл поради што сопствениците на клубот одговорноста ја лоцираат во раководните структури на чело со претседателот Замир Дика кој беше именуван пред само една година, заедно со одговорните во спортскиот дел Харун Иса, Ибрахим Османи и Скендер Јонузи.

Според информациите кои се шират во Тетово, сега сите тие се пред заминување од клубот по само една година работа, а Шкендија ќе добие ново раководство. Актуелното раководство пред еден месец го именуваше Ардијан Нухиу за нов шеф на стручниот штаб кој не ги исполни очекувањата за успешен европски настап.

Од Шкендија следат и најави за промени и во играчкиот кадар, заминувања на дел од странците, но сето тоа ќе зависи и од евентуално новите лица во спортскиот дел за кој се шпекулира дека ќе го предводи поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими.

Се вчитува...