Галатасарај го откупи договорот на Икарди: Пресреќен сум што сум тука

Галатасарај на својата официјална веб-страница објави дека потпишал договор со аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди од Пари Сен Жермен.

Искусниот триесетгодишен Аргентинец потпиша договор со клубот од Истанбул до летото 2027 година.

Медиумите објавија дека Галатасарај на париските светци им платил околу 10 милиони евра обештетување.

Мауро Икарди минатата сезона имаше одлична сезона во дресот на Галата како позајмен играч од Париз. Во турската Суперлига одигра 24 натпревари и постигна 22 гола, беше еден од најзаслужните што овој клуб ја освои шампионската титула.

„Многу сум среќен и исклучително задоволен што повторно ќе го носам овој дрес. Се чувствувам како дел од проектот и тимот“, изјави Мауро Икарди на промоцијата.

Се вчитува...