Стојановиќ: Максимално подготвени заминуваме на Мундијалот во Хрватска

Македонската младинска ракометна репрезентација утре заминува за Хрватска, за настап на Европското првенство за играчи до 19 години.

Селекторот Раде Стојановиќ вели дека е задоволен од пристапот на досегашните подготовки, но се воздржа кога се во прашање очекувањата.

„Можам да кажам дека сме задоволни од пристапот на играчите. Подготвени сме за овој Мундијал, иако со оваа генерација ќе ни биде првпат. Ќе следуваат и многу други големи турнири, догодоина имаме настап и на Европско првенство. На овие деца не смееме да им даваме товар. Доаѓаме од Б шампионат, па момчињата немаат почувствувано товар на ваквите натпреварувања. Голем хендикеп ни е повредата на Димитар Узунчев. Доколку беше тој тука, ние како тим ќе се подготвувавме за подобар пласман. Ќе дадеме максимум, за нас секоја победа е успех бидејќи децата може така да растат. Секој триумф е искуство, јас со оваа генерација ветувам дека во наредните години можеме до добар пласман, ама сега е рано да се постави товар на оваа генерација“, изјави Стојановиќ.

Македонија на шампионатот е во група со селекциите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.

Се вчитува...