Србинот Миленковиќ е нов селектор на македонската пингпонг репрезентација

Управниот одбор на Пингпонгарската федерација на Македонија, а на предлог на Стручна комисија, за втор селектор на репрезентацијата го назначи Србинот Милош Миленковиќ, кој бил тренер на српската репрезентација, а моментално настапува како играч во српската Супер лига. Заедно со првиот селектор Сашко Богатинов, Миленковиќ ќе работат на ефикасни подготовки и подобри претставувања на репрезентативците на меѓународните натпревари и првенства.

Но, се засилува и тимот на тренери.

Досега со репрезентативците и потенцијалните наши претставници на меѓународните натпреварувања работеа Зоран Јованоски и Димитрије Жогоски. Со цел зголемување на капацитет покрај Јованоски и Жогоски со младите пинг понгари ќе работат Амелија Николов, Мартин Стаменковски, Ѓоко Јочкоски и Филип Младеноски.

„За нас е важно назначувањето на високо квалитетен селектор, како што е Миленковиќ, но и тренерскиот тим кој ја вклучува и Амелија Николов, веќе докажана пинг понгарка со многу искуство позади себе“ – истакнуваат од македонската пингпонг федерација.

Се вчитува...