Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана по само неколку дена го „увиде“ неквалитетот на одбраната на својот нов тим, особено на Хари Мегваер. Играчот кој секојдневно добива критики од медиумите и од јавноста во Англија, сега доби „лекција“ и од својот нов голман.
На синоќешниот меч против Борусија Дортмунд после една успешна акција на „милионерите“, чуварот на мрежата на Јунајтед му се развика на својот стопер, кој остана само закопан да ги слуша критиките од својот соиграч. На таа акција Јунајтед имаше многу среќа, затоа што играчот на Борусија го промаши голот од поволна позиција.
Јунајтед го загуби мечот со 3-2, а ова е уште еден податок дека Мегваер трпи критики и од новиот голман. Свежи се сеќавањата на реакцијата на поранешниот голман Де Геа кога имаше можност да му додаде на својот соиграч, но тој се реши да ја испрати топката во аут.
Andre Onana screaming at Harry Maguire! 😠pic.twitter.com/cmtsgMussV
— Football Transfers (@Transfersdotcom) July 31, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА