После трансферот на Деклан Рајс за сума од 105 милиони фунти, на „Емирати“ се подготвени да го срушат повторно рекордот и да го донесат во своите редови играчот на Наполи, Квича Кварацхелија.
Грузиецот зад себе имаше одлична сезона, и беше вистинско откритие во Европа, помагајќи му на тимот да дојде до Скудетото по пауза од повеќе од 30 години.
Арсенал наводно е подготвен да понуди исто толку пари колку за Деклан Рајс (околу 122 милиони евра). Но познавајќи ги апетитите на Аурелио де Лаурентис, ова сума ќе биде малку за Наполи да го пушти својот фудбалер. Затоа Арсенал доколку сака, ќе мора да понуди повеќе пари, а според англиските медиуми, преговорите ќе почнат наскоро.
Кварацхелија зa околу 11 милиони евра од Динамо Батуми се пресели во Наполи, а сега неговата цена се проценува на 90 милиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА