Дембеле му кажа „да“ на ПСЖ, но мора да потпише до полноќ

ПСЖ се договори со Усман Дембеле, но трансферот мора да биде комплетиран до вечерва на полноќ. Причината е тоа што играчот има клаузула со Барса со која до денеска цената е 50 милиони евра, а од утре неговата цена се дуплира, односно изнесува 100 милиони евра.

ПСЖ во саботата испрати писмо до Барселона, во кое барало дозвола за преговори со Дембеле, но тоа било одбиено. Барса не сака никакви преговори со францускиот првак, и нема намера да го пушти Дембеле за цена помала од онаа која стои во клаузулата.

Фудбалерот имал средба со челниците на Барселона кои наводно му понудиле нова соработка, ама тој се одлучил да замине. Дембеле се согласил на петгодишен договор.

Дембеле во Барса пристигна од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра. Одигра 185 меча, и постигна 40 голови и 43 асистенции.

Се вчитува...