Потенцијалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид може да предизвика големи и неочекувани проблеми за шпанскиот гигант, пренесува шпанскиот медиум „Ел Национал“.
Имено, главниот спонзор на „кралскиот клуб“, „Адидас“ преферира младиот Французин во Реал Мадрид да го носи дресот со број „10“ со цел да се исполни маркетиншкиот план, а не бројот „9“ кој е слободен по заминувањето на Карим Бензема во Ал Итихад.
Проблемот се состои во тоа што „десетката“ му припаѓа на Лука Модриќ кој го носи овој број на својот грб од сезоната 2017/18. Шпанскиот медиум пренесува како „Адидас“ може да биде и радикален во барањето. Или Модриќ да го промени бројот или да биде продаден.
Модриќ кој важи за апсолутна легенда на Реал Мадрид е дел од клубот од 2012 година и досега освои 23 големи трофеи од кои пет во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА