Доминацијата на Ред Бул продолжи и пред летниот одмор на најбрзото натпреварување во светот. На Големата награда на Белгија двоецот на австрискиот тим Макс Ферстапен и Серхио Перез заврши на првите две позиции со што воедно ја продолжи и серијата на победи на 13 од 13 трки во досегашниот дел од шампионатот.
Ферстапен ГН на Белгија ја започна од шестото место поради казна за промена на менувачот, но ни тоа не го спречи да се искачи највисоко на подиумот. Добрата тимска стратегија донесе „еден-два победа“ за која пофалби имаше мексиканскиот возач на Ред Бул.
„Мислам дека остваривме одличен резултат за тимот. Кога Макс се проби на првото место знаев дека е важно само да ја завршиме трката на водечките позиции и да обезбедиме најдобар можен пласман. Ферстапен имаше неверојатно темпо по замената на пневматиците.
Бевме претпазливи, не сакавме премногу да го форсираме болидот речиси во текот на целата трка. Разликата помеѓу Макс и мене беше поголема бидејќи моравме да бидеме претпазливи кога стана јасно дека ќе ги освоиме првите две позиции. Ферстапен заврши голем дел од работата. Тој е многу талентиран и секогаш го извлекува максимумот. Тоа го прави од викенд во викенд и е навистина импресивно“, вели Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА