Премиерлигата донесе пакет на правила за однесување на фудбалерите

Елитното фудбалско натпреварување во Англија, Премиерлигата донесе пакет на правила за однесување на фудбалерите на самите натпревари со цел спречување на недолично однесување. А, воедно и строги казни за оние кои ќе го прекршат прописите кои ќе важат од почетокот на сезоната 2023/24.

Посебно се посветува внимание на однесувањето кон судиите. Во новите мерки се наведува дека секое „внесување во личниот простор или било каков физички контакт“, или пак доколку двајца или повеќе фудбалери го опкружат судијата ќе резултира со жолт картон.

Тренерите на премиерлигашите ќе мораат да присуствуваат на состанок со судиите пред почеток на натпревар, а никој без специјална дозвола нема да може да стои во техничкиот простор покрај теренот.

„Одлучни сме во намерата да го ресетираме однесувањето на фудбалските терени. Тоа е во многу лоша состојба, а ќе се бавиме и со подобрување на однесувањето на трибините“, стои во дел од соопштението на Фудбалската федерација на Англија.

Се вчитува...