Борусија Менхенгладбах се засили со репрезентативец на Австрија

Австрискиот стопер Максимилијан Вебер е ново засилување на Борусија Менхенгладбах, потврди германскиот бундеслигаш. Тој доаѓа на едногодишна позајмица од редовите на Лидс.

За неговите услуги Германците одвоија 500 илјади евра како обесштетување до Лидс, а во договорот не постои опција за откупување на договорот по крајот на сезоната.

Се вчитува...