Џиџи Донарума бега од Париз и прави големо предавство

Главниот град на Франција повеќе не е сигурно место за живеење за Џиџи Донарума кој пред девет дена со својата сопруга доживеаа филмска кражба во која тој и неговата поубава половина беа соблечени голи и врзани додека крадците го ограбуваа неговиот дом и заминаа со штета во вредност од пола милион евра.

Дваесетичетиригодишниот чувар на мрежата стравува од нови напади и веќе побарал трансфер од ПСЖ и сака да се врати во родната Италија, пренесуваат тамошните медуми.

Како следна дестинација се споменува Јувентус, големиот ривал на неговиот поранешен клуб во Италија, Милан за кој настапуваше од 2015 до 2021 година. Трансфермаркт го проценува Донарума на 45 милиони евра.

Се вчитува...