Барселона ова лето се обидела да го донесе Килијан Мбапе во своите редовите нудејќи три фудбалери како размена до ПСЖ, откриваат француските медиуми.
Станува збор за Усман Дембеле, Рафиња и Гави, но оваа понуда била експресно одбиена од страна на „светците“. Шампионот на Франција не е заинтересиран за Бразилецот и Шпанецот, а веќе во прогрес биле и плановите за ангажман на Французинот со активирање на откупната клаузула.
Како потсетување истата изнесува 50 милиони евра до 1. август, а потоа се искачува на 100 милиони евра со што ПСЖ има до крајот на денот за реализација на трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА