Сезоната за восхит на Манчестер Сити заврши со три освоени трофеи. „Граѓаните“ се радуваа на Премиерлигата, ФА Купот и Лигата на Шампионите со што го повторија успехот на Манчестер Јунајтед од 1999 година кога „црвените ѓаволи“ станаа единствениот англиски тим кому му поминато тоа од рака.
Успехот на градскиот ривал тешко им паднал на фудбалерите на Манечстер Јунајтед, открива Лук Шо.
„Многу не боли. Сите го осетивме тоа кога дојдоа нивните играчи на кампот на Англија. Не беше лесно да го поднесеме тоа. Не смееме да дозволиме тоа да се повтори. Дојде време и ние да се прашуваме за титули и да им ја направиме задачата најтешка што може за да не се повтори“, вели Шо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА