Дуро: Имаме предност, но треба да бидеме максимално подготвени да ја задржиме

Македонскиот шампион Струга ТЛ утре од 21 часот во главниот град на Црна Гора го игра реванш натпреварот против Будуќност од второто квалификациско колото од Конференциската лига.

Тренерот на стружани, Шпетим Дуро не го крие задоволството од позитивниот исход на првиот натпревар, но вели дека неговиот тим треба да биде максимално подготвен за средбата.

„Со нетрпение го очекуваме утрешниот натпревар со Будуќност, очекувам тимот да има добар настап, исто како што тоа го направивме на трите досегашни средби во Европа, двата против Жалгирис и последниот против Будуќност. Резултатот од првиот меч е позитивен, бидејќи успеавме да победиме, но ова е нов натпревар и треба да бидеме максимално подготвени. Верувам дека можеме да излеземе како конечни победници“, изјави Дуро.

Се вчитува...