Делегација на Баерн Минхен во понеделникот престојуваше во Лондон каде се сретна со челниците на Тотенхем.
Во оваа посета имаше само една тема, а тоа е рекордна понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Во Баерн сметаа дека најдобра опција е да дојдат во Лондон и директно да разговараат со Даниел Леви, кој досега успешно одолеа на сите понуди за одличниот голгетер.
Тотенхем категорично ги одби првите две понуди од германскиот шампион, но на претставниците на баварскиот клуб конечно им беше претставено што треба да направат. И Баерн конечно е подготвен да му понуди на клубот рекордни 100 милиони евра, со што ќе ги надмине 79-те милиони евра кои ги платија за Лукас Хернандез. Кејн е подготвен да премине во Баерн, но проблемот е цената.
Додека Баерн сега нуди максимум 100 милиони, Леви бара 116 милиони така да се уште ќе трае сапуницата околу иднината на најдобриот англиски фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

