Сагата околу новата дестинација на Никола Миротиќ е при крај. Репрезентативецот на Шпанија е на прагот на преселба во Олимпија Милано. Но, сопственикот на Панатинаикос, Димитрос Јанакопулос, даде интересни детали за преговорите со најбараниот европски играч ова лето.
Миротиќ преговараше со многу тимови. Наводно, тој беше пред потпис со Партизан, но изјави дека се предомисли поради закани и сепак реши да не доаѓа во Белград. Првиот човек на атинските зелени откри каков разговор имал со Миротиќ летово.
„Имавме убав разговор една вечер по телефон. Ми покажа дека многу ја сака Грција. Кога го завршивме разговорот, реков дека не може да замислам дека Миротиќ нема да дојде во Панатинаикос. И тогаш дознав дека тоа им го кажува и на другите тимови“, изјави Јанакопулос.
Покрај Партизан и Панатинаикос, летово со Миротиќ се поврзуваа и Олимпијакос, Црвена звезда, Монако, но се чини дека најупорна беше Олимпија Милано која на крајот ќе дојде до неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА