Нов апсолутен фудбалски рекорд за Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо кој собори бројни фудбалски рекорди во кариерата, постави уште еден интересен. Во победата на неговиот Ал Наср против тунискиот Монастир (4-1) во Арапскиот куп постигна гол со глава.

Ова е 145. гол со глава за Роналдо во кариерата и со тоа стана најефикасен во овој поглед во историјата. Втор е Герд Милер со 144,  додека трет е легендарниот играч на Реал Мадрид, Карлос Сантилјана со 125.

Се вчитува...