Американскиот кошаркар Демијан Лилард е на прагот да му се приклучи на Мајами Хит, вицешампионот во НБА. Новинарот Шемс Шаранија го наведе пакетот што тимот од Флорида треба да го испрати до Портланд Трејл Блејзерс во замена за одличниот бек шутер.
Понудата на Хит треба да се состои од три или четири пикови во првата рунда, на еден или повеќе драфтови во кои тимовите ќе тргуваат со пикови од првата рунда, еден или повеќе од втората рунда, одредени млади играчи, играч на кој договорот му истекува летото 2024 година и Тајлер Хиро.
Лилард во дресот на Блејзерс игра од 2012 година, кога го избраа како шести пик на драфтот. Во последните две сезони тимот не успеа да се пласира во плеј-офот, иако осум години по ред тимот беше меѓу најдобрите осум екипи во Западната конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

