Вардар пред стартот на новата сезона успеа да ангажира уште едно ново засилување, потпишувајќи договор со 21-годишниот напаѓач Азер Омерагиќ.
Станува збор за играч кој потекнува од фудбалската академија на Вардар, кој потоа настапуваше за Шкупи Борец и Скопје, од каде потпиша за „црвено-црните“. Во првата македонска фудбалска лига има забележано 32 настапи.
Омерагиќ е петтото засилување на „црвено-црните“ во летниот преоден рок по репрезентативецот на Андора, Алберт Алаведра, Лука Трајковски, Владица Брдаровски и Бразилецот Матеус Лемос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

