ЕСПН му врачи отказ на аналитичарот за кого Јокиќ не е меѓу најдобрите

Поранешниот кошаркар на Њујорк, Индијана, ЛА Клиперс…, а подоцна и тренер на Голден стејт, Марк Џексон кој стана далеку попознат во јавноста откако беше единствениот од сто луѓе кои не го изгласаа Никола Јокиќ во идеалната петторка на НБА лигата за сезоната 2022/23 доби отказ од ЕСПН.

Американските медиуми како причина за отказот не го наведуваат гласањето „против“ Никола Јокиќ, но гласините кои кружат велат дека тоа е една од причината. Како потсетување, Џексон се извини за грешката, но се чини дека негативната популарност која ја стекна се одрази на неговата работа.

Џексон за отказот се огласи на социјалните мрежи каде напиша дека е шокиран и изненаден на одлуката, но и се заблагодари на ЕПСН за 15-те години соработка.

Се вчитува...