Џа Морант не е единствениот НБА кошаркар кој се соочува со прекршоци на законот и тоа за поседување на огнено оружје. По контроверзниот играч на Мемфис Гризлис сега вниманието е насочено кон Амир Кофи.
Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс во неделата наутро бил уапсен во Холивуд откако полицијата го запрела возилото во кое тој бил сопатник поради возење над дозволениот лимит. При претресот кај Кофи било пронајдено огнено оружје по што тој и другите двајца патници биле притворени.
Кофи е пуштен од притвор со казна од 10 илјади долари, а допрва се очекува и казната од страна на НБА лигата. За истиот прекршок Морант доби 25 натпревари суспензија, но раководството на првенството секој случај го прегледува посебно притоа земајќи ги во обѕир претходните прекршоци кои кај Кофи не се ни приближно на нивото на Морант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

