Роналдо додели четири откази во Валјадолид

Сопственикот на Валјадолид, легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио Роналдо, на само 11 дена од почетокот на првенството, се одлучи да направи големи промени во клубот.

Роналдо се реши од клубот да ги смени спортскиот директор Фран Санчез, неговите помошници Луис Казас, Антонио Баре и Хозе Мануел Ернандез.

Веста за отказот им ја соопштил Пауло Андре, кој е десна рака на Роналдо во клубот.

Исто така се шпекулира дека овој тим би можел да остане и без тренерот Пауло Пецолано.

Се вчитува...