Манчестер Сити ја најде замената за Махрез

Манчестер Сити најде замена за Ријад Махрез кој се пресели во Саудиска Арабија, во дресот на Ал Ахли. Станува збор за белгискиот интернационалец Жереми Доку, кој во моментов настапува во тимот на Рен.

Европскиот првак се надева дека за сума од околу 35 милиони евра, ќе успее да го убеди францускиот тим да го пушти играчот на „Етихад“. Доку од 2020 година е во Рен, и на 73 меча има постигнато осум голови. Станува збор за крилен играч кој игра и на десната и на левата страна.

Доку пред Рен играше за Андерлехт. За репрезентацијата на Белгија има одиграно 14 натпревари и постигнато два гола. Рен го плати 26 милиони евра на Андерлехт.

Доку исто така е на „радарот“ на Барселона како замена за Усман Дембеле кој е пред потпис со ПСЖ.

Се вчитува...