Екипата на Струга ТЛ има уште 45. минути до пласман во 3. квалификациско коло во Конференциската лига. Македонскиот првак има 2-2 по првиот дел, и со победата во Охрид, со вкупни 2-3 во моментов е на чекор до пласман во следното коло.
Ако стружани успеат да го минат црногорскиот тим, тогаш задачата во 3. коло ќе биде, барем на хартија, полесна. Таму се пласираше Хесперанж, тимот од Луксембург кој со вкупни 4-3 го елиминираше тимот на ТНС од Велс и така успеа да обезбеди уште најмалку два европски натпревари.
Тимот на Хесперанж за првпат во историјата победува во Европа и се пласира во следно коло. Ова за нив беше трет настап на меѓународна сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА