ЛШ КВАЛИФИКАЦИИ: Олимпија го елиминираше Лудогорец, Арис му даде 11 гола на БАТЕ во два меча

Олимпија Љубљана со гол во судиското надополнување преку Елшник, го елиминираше бугарскиот првак Лудогорец од Лигата на шампионите. Словенечкиот првак успеа со вкупни 3-2 да го совлада својот противник, кој во 11. минута од судиското надополнување промаши и пенал за продолженија.

Десподов го донесе Лудогорец во водство во 15. минута, а Елшник во 18. минута израмни. Лудогорец остана со играч помалку во 83. минута, а тоа го искористи Елшник кој со гол во 2. минута од судиското надополнување успеа да стигне до предност. Кирил Десподов од јунак се претвори во трагичар откако промаши пенал во 101 минута, поточно голманот Видовшек му го одбрани ударот. Олимпија во 3. коло го чека дуел со подобриот од Галатасарај – Жалгирис.

Арис Лимасол со убедлив триумф и во вториот меч против БАТЕ Борисов, се пласираше во следната фаза од Лигата на шампионите. Кипарскиот првак триуфмираше со 3-5 вечерва, додека првиот меч заврши 2-6, што значи дека во двата меча постигна дури 11 голови.

Во следната фаза оди Панатинаикос кој на реваншот одигра 2-2 со Днипро (првиот меч славеше грчкиот тим со 3-1), како и Слован Братислава кој дома одигра 2-2 против Зрински, и со победата од првиот меч во Мостар со 1-0, успеа да обезбеди место во следната фаза.

Се вчитува...